Синер за допинг-скандалот: Ми пресудија дека сум невин, нели?
Новинарите на прес-конференција ги интересираше што има да каже за допинг-скандалот со кој се соочува, како и за неговото мислење за Жари кој во 2020 година доби суспензија поради позитивен допинг-тест.
„Да бидам искрен, не ги знам деталите од неговиот случај. Многу ми е тешко да коментирам такво нешто. Можам да кажам само дека постои протокол. Знам низ што поминав, уште не е готово, но на крајот на денот пресудија дека сум невин“, кажа Синер.