Синер се мачеше против Жари, но победи без загубен сет
Италијанецот славеше со 3-0, но конечниот резултат не дава реална слика на она што се случуваше на теренот бидејќи Синер мораше да остане на теренот 2:42 минути и дури во третиот сет ја покажа својата сила во однос на противникот. Првите два сета беа решени во тај-брејк и двата траеја вкупно повеќе од два часа, додека последниот Синер го доби убедливо, со 6-1 за 30 минути игра.
Дури во вториот гем од третиот сет Синер го освои првиот брејк на мечот и во тие моменти поведе со 2-0. Жари подоцна се избори за 1-3, но тоа беше се од него на овој меч бидејќи Синер потоа лесно го приведе мечот кон крајот.
Во второто коло Синер ќе игра против домашниот тенисер Тристан Скулкејт, во моментов 173. на АТП листата, а кој на Австралија Опен влезе како квалификант.