Руни доби нова понуда - ќе биде тренер на деца во Дубаи!

Поранешниот англиски фудбалер Вејн Руни не се прослави со тренерската работа, односно најдобар процент на победи имаше со Дерби каунти, и тоа само 28 отсто што е навистина очајна бројка.

Руни работеше и во Ди-Си јунајтед, Бирмингем и Плимут, но имаше катастрофални резултати, па од декември остана без работа, меѓутоа сега добива нова понуда.

Англичанецот наводно ја прифатил новата работа, па во иднина ќе работи со деца во луксузен хотел во Дубаи.