Ал Хилал испрати понуда од 100 милиони евра до Ливерпул

Саудискиот тим Ал Хилал планира да купи една од ѕвездите на Ливерпул, а за истата понудил дури 100 милиони евра.

Англиските медиуми пишуваат дека Ал Хилал сака да го ангажира Дарвин Нуњез, кој пред две ипол години пристигна во Ливерпул, но не ги оправда очекувањата.

Премиерлигашот за неговите услуги плати 85 милиони евра, но сега би можел дополнително да заработи од продажбата.

Нуњез за „црвените“ одигра 122 натпревари, а притоа постигна само 37 голови и 21 асистенција.