Главен судија во „Ел Класико“ ќе биде човек кој го оштети Реал Мадрид (ВИДЕО)

Вечерва се игра „Ел Класико“ во финалето на шпанскиот Суперкуп меѓу Реал Мадрид и Барселона, но „кралевите“ се незадоволни поради изборот на главен судија на натпреварот.

Шпанскиот сојуз му ја даде довербата на Хил Манзано, а „кралевите“ сметаат дека одлуката е контроверзна затоа што се убедени дека судијата минатата сезона ги оштетил на дуелот против Валенсија.

Манзано на дуелот меѓу Реал Мадрид и Валенсија означи крај само неколку секунди пред да биде постигнат гол од Џуд Белингам.

„Светски скандал поради кој судија беше суспендиран на само два меча и сега е награден да ја дели правдата на финалето на шпанскиот Суперкуп“, објавија од телевизијата на гигантот од Мадрид.