Зверев го декласира Пуј во првото коло на Австралијан опен

Германскиот тенисер Александер Зверев без проблеми ја помина првата пречка на Австралијан опен, откако денеска славеше со 3-0 во сетови, односно 6-4, 6-4 и 6-4 против Лукас Пуј.

Зверев во секој од сетовите направи по еден брејк, кои беа доволни за да триумфира со по 6-4 и да обезбеди место во второто коло.

Германецот во второто коло на турнирот во Мелбурн ќе игра против Шпанецот Педро Мартинез.