Кожув без проблеми подобар од Вардар, Тиквеш ја прекина серијата на Куманово
Кошаркарите на тимот од Гевгелија немаа проблеми на гостувањето во Скопје и лесно славеа добивајќи ги сите четири четвртини, додека Вардар не успеваше да парира.
Најрасположен во редовите на Вардар беше Вилсон 24 поени, го селеше Пилепиќ со 18 поени, Бојчев уфрли 16, додека на спротивната страна Младеовски постигна 14 и Бајрам 13.
На табелата Кожуф сега е втор со скор од 9-4, а Вардар е на дното на табелата без ниту една победа.
Вториот натпревар во истиот термин беше далеку понеизвесен и се решаваше во последните моменти, а во него се радуваше Тиквеш со 84:83. За Тиквеш ова беше прва победа по три порази во низа, но и ја прекина победничката серија на кумановци од четири победи.
Хил од редовите на домаќините беше најефикасниот на средбата со 31 поен, додека Радукиќ уфрли 22.
Претходно денес во првиот натпревар, Шкупи славеше убедлива победа над Шкупи од 103-68.