Легендарниот американски пливач во пожарот во Лос Анџелес остана без десет медали

Oд ден во ден од Лос Анџелес стигнуваат вести за познатите личности чии домови изгореа во ужасните пожари, а уште една тажна приказна е поврзана за легендарниот американски пливач Гери Хал.

Поранешниот пливач кој денес има 50 години морал брзо да се евакуира со своето семејство и немал време со себе да ги понесе десетте медали кои ги освои на Олимписките игри во период од 1996 до 2004 година.

Тој во Атланта, Сиднеј и Атина кaко американски репрезентативец освои пет злата, три сребра и две бронзи, но во пожарот сите изгореле.

Претседателот на олимпискиот комитет Томас Бах брзо се огласи и порача дека Хал ќе добие копија на медалите.