Седлоски: Секој меч во втората полусезона ќе биде како финале за Вардар!
Тренерот Гоце Седлоски денеска кажа дека е свесен за предизвикот кој ги чека и останува да покажат дека Вардар во моментов не се наоѓа на местото на кое заслужува да биде.
„Секој натпревар во втората полусезона за нас ќе биде како финале. Ќе го нападнеме и трофејот во Купот. Потребни ни се уште два-три фудбалери во овој преоден рок за да го комплетираме составот. Ќе се обидеме да го кренеме Вардар на повисоко ниво, фокусирани сме и ќе дадеме сè од себе“, вели Седлоски.
Вардар по 18 одиграни кола се наоѓа на претпоследното место во лигата со 13 освоени бодови.