Ѓоковиќ: Мајка ми е Хрватка, имам многу роднини таму
Во интервјуто Ѓоковиќ потенцираше и дека на сите нации од регионот гледа со исти очи.
„Јас сум пацифист и така гледам на сите нации во регионот. Така е затоа што бевме иста земја. Семејството на мојата мајка е целосно хрватско. Родена е во Белград, но сите се Хрвати. Од страната на татко ми? Црна Гора и Косово. Јас сум роден во Србија и затоа секогаш сите ги третирам на ист начин.
Моето размислување е дека ако некогаш сме биле заедно како една нација, тогаш имаме многу сличности. Зошто да не се фокусираме на ти работи“, порача Ѓоковиќ.
Потврди Ѓоковиќ и дека навива за Хрватска кога ги гледа натпреварите на оваа селекција.
„Како можам да навивам за некој кој е далеку од мене, а не за оној кој ми е сосед и со кого имам бројни односи, а не само семејни“, запраша Новак.