Жирона со гол во 91. минута го скрши отпорот на Алавес

Фудбалерите на Жирона триумфираа со 1-0 на гостувањето кај Алавес во 19. коло од шпанската Ла Лига.

Алавес беше многу подобар тим на теренот и создаде дури 11 шанси, но не искористи ниту една од нив по што казната пристигна во првата минута од судиското надополнување на второто полувреме кога Солис Ромеро стрелаше за 1-0.

Жирона има 28 бодови на седмата позиција во Ла Лига, а треба да потсетиме дека македонскиот напаѓач Бојан Миовски е надвор од конкуренција затоа што е повреден.