Белингам до провокаторот од Мајорка: Сакаш 10 секунди бокс? (ВИДЕО)

Реал Мадрид ја совлада Мајорка и се пласира во финалето на Суперкупот, а на теренот се случи инцидент во кој главна улога имаа Винисиус Жуниор и Пабло Мафео.

Мафео пред мечот против „кралевите“ кажа дека сака да влезе во ринг со Винисиус и да го нокаутира за 10 секунди, а ова го искористи Џуд Белингам да го исмејува ривалот.

„Десет секунди, нели? Сакаш десет секунди бокс?“, му кажал Белингам на Мафео.