Екипата на Вардар денеска стартуваше со подготовките за вториот дел од сезоната во македонската Суперлига.

Вардар подготовките ги започна речиси во комплетен состав, а отсуствуваат само ракометарите кои се на подготовките за претстојниот Мундијал.

Во вториот дел од сезоната Вардар го чека битка за титулата со Алкалоид и Пелистер со тоа што Алкалоид е лидер со 30 бода, додека Вардар и Пелистер се со по два бода помалку.