Мурињо е пред враќање во Премиер лигата и тоа во тим од – Ливерпул!
Решението за прекин на соработката следуваше по серијата од пет натпревари без победа, која вклучува три ремија и два пораза. Дајш ја заврши својата работа на клупата на Евертон со биланс од 26 победи, 24 ремија и 33 порази во 83 натпревари. Англиските обложувалници го ставаат Мурињо како еден од најсериозните кандидати. Португалецот, кој во последните три и пол години не бил тренер во Премиер лигата, е моментално под договор со турскиот Фенербахче, но неговото враќање во англиската лига би било значајен потег за Евертон.
Мурињо е познат по својата способност да ја стабилизира екипата и да донесе успех и дисциплина. Неговото минато во клубови како Челси, Манчестер јунајтед и Тотенхем го прави фаворит за оваа позиција. Мојес, сепак, има предност бидејќи е слободен по истекот на договорот со Вест Хем, што би било негово враќање во Евертон по речиси 12 години. Меѓу другите кандидати се и Пауло Фонсека, поранешен тренер на Милан, како и екс-селекторите на Англија, Герет Саутгејт и Ли Карсли.