Барселона се вклучи во трката за член од „старата гарда“ на Јунајтед

Каталонскиот гигант Барселона е уште еден од серијата клубови кои се заинтересирани за англискиот фудбалер Маркус Рашфорд, кој по 10 години во првиот тим си заминува од Манчестер јунајтед.

Менаџерот на Рашфорд во изминатите денови имал преговори со неколку тимови, меѓу кои се Милан, Јувентус и Борусија Дортмунд, но сега во борбата се вклучи и Барселона.

Барселона има финансиски проблеми, но и покрај тоа претседателот Жоан Лапорта смета дека има доволно пари за да се ангажира Англичанецот кој оваа сезона не е омилен кај тренерот Рубен Аморим на „Олд Трафорд“.