Јокиќ го загуби врвот: Гилџес-Александер е нов фаворит за МВП на сезоната

НБА денеска го објави новиот ранкинг во борбата за признанието на МВП на сезоната, а на него има промена на првото место.

Таму повеќе не е Никола Јокиќ, туку суперѕвездата на Оклахома, Шеј Гилџес-Александер кој игра фантастично оваа сезона. Сепак, не може да се забележи дека Јокиќ е подобар од Канаѓанецот во сите статистички категории и дури е подобар стрелец за 0,2 поени.

Јокиќ е на работ на трипл дабл просек со 31,5 поени, 13 скока и 9,7 асистенции, додека Гилџес-Александер постигнува по 31,3 поени, 6,1 асистенции и 2 украдени топки. Многу веројатно, причина за промената на првата позиција е тоа што Оклахома, чиј член е Гилџес-Александер е убедлив лидер во Западната конференција, додека Денвер е на четвртото место со дури девет победи помалку.