Петти пат по ред Халанд е фудбалер на годината во Норвешка

Голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд очекувано по петти пат во низа е избран за фудбалер на годината во Норвешка.

Неговата доминација трае од 2020 година кога го наследи Мартин Едегор, но таа не е никакво изненадување ако се знае дека во меѓувреме Халанд стана најдобар стрелец во историјата на норвешката репрезентација, а со Манчестер Сити освои се што можеше да се освои и е еден од најдобрите голгетери во англиското првенство и Лигата на шампионите.

 

 

„Ова е голема и драга награда за мене, многу ја ценам. Горд сум што петта година по ред ја освојувам, играв доследно и давав голови, така што многу сум задоволен поради тоа“, рече Халанд.

За фудбалерка на годината е избрана Каролин Грахам Хансен која настапува за Барселона и по петти пат во последните шест години го освои признанието.