Нејмар одигра 42 минути и заработи 101 милион евра во 2024 година

Бразилскиот фудбалер Нејмар заработи неверојатни 101 милион евра за само 42 одиграни минути во дресот на Ал Хилал во 2024 година.

Нејмар пристигна како големо засилување во Саудиска Арабија, но тешката повреда го спречи да ја покаже неговата фудбалска магија, па на теренот се појави само на два меча и одигра 42 минути.

Ѕвездата на Ал Хилал, сепак, не може да се пожали за заработката затоа што клубот му исплати дури 101 милион евра за 2024 година.

Нејмар има договор со саудиската екипа до крајот на сезоната, а Ал Хилал не планира да му ја продолжи соработката.