Барселона со Олмо и Виктор против Реал Мадрид

По битката која траеше неколку недели, Барселона конечно успеа да ги регистрира Дани Олмо и Пау Виктор и тоа го потврди преку официјалните клупски канали.

Барселона во соопштението потврдува дека процесот на регистрација е завршен и двајцата ќе имаат право за настап веќе во финалето од Суперкуп против Реал Мадрид кое ќе се игра на 12 јануари.

Ќе потсетиме, Барселона доби право да ги регистрира Олмо и Виктор откако судот во Шпанија ја поништи претходната одлука на Ла Лига и Фудбалската федерација за забрана за регистрација.