Динамо по барање на Канаваро потпишува нов договор со Ристовски
Хрватскиот гигант веќе размислува за продолжување на договорите на дел од фудбалерите, а хрватските медиуми пишуваат дека Канаваро побарал од Динамо да бидат потпишани нови соработки со Динамо Загреб и Кевин-Теофил-Катерин.
Ристовски е еден од капитените на екипата и долго време е предводник на Динамо на теренот, па поради тоа гигантот од Загреб сака да му ја продолжи соработката.
Македонецот наводно ќе потпише нов договор со помала плата од досегашната, но не се открива на колку години ќе биде соработката меѓу двете страни.