„Јокиќ не е болен – само изел пет килограми прасечко за неговиот Божиќ!“

Шампионот Бостон извојува победа во пресметката против Денвер Нагетс во синоќешното дерби во НБА лигата, одиграно на православниот Божиќ во меч во кој не настапи српскиот ас Никола Јокиќ, што предизвика бројни реакции кај љубителите на кошарката.

Според официјалните информации од Нагетс, Јокиќ бил отсутен поради болест. Сепак, фановите во САД се сомневаат во ова објаснување, посочувајќи ја временската коинциденција со празникот. Социјалните мрежи беа преплавени со духовити коментари, кои ја доведуваат во прашање вистинитоста на причините за неговото отсуство.

„Не е болен, само морал да одмори откако изел пет килограми прасечко“, „Веројатно слави Божиќ со семејството“, и „Како се погоди, се разболе токму на Божиќ“, беа само дел од реакциите на интернет.

Дали Јокиќ навистина е болен ќе стане јасно вечерва, кога Денвер ќе се соочи со нов предизвик против водечкиот тим на Западот, Оклахома Сити Тандер.