„Македонката“ Халеп го откажа настапот на Австралијан опен

Тенисерката од Романија, која откри дека има македонски корени, Симона Халеп го откажа учеството на првиот гренслем-турнир во годината, Австралијан опен.

Халеп мораше да се повлече од турнирот поради две повреди, и тоа на коленото и рамото со кои се соочила во Абу Даби.

Искусната тенисерка доби вајлд-карта за настап во Мелбурн, откако се врати по допинг-скандалот поради кој беше суспендирана.

На Халеп ѝ беше укината суспензијата, а тоа ѝ овозможи да се врати на теренот, меѓутоа ќе мора да почека додека не ги реши здравствените проблеми.