
Симона Халеп била Македонка - и не се срамела да признае!
Тенисерката всушност има македонско влашки корени. Нејзините претци се доселени во Романија, поточно во Констанца од Македонија и негуваат силни македонски традиции.
Медиумите во Романија откриваат за потеклото на Халеп, кој била горда на своите корени и никогаш не се срамела да го покаже тоа.
„Тие се едни од најсилните Македонци. Тие се голема и почитувана заедница. Не бидејќи се богати, бидејќи ги негуваат македонските традиции и никогаш не скршнуваат од нив“, вели извор на романскиот „Спортњуз“.
Според истиот извор, Халеп никогаш нема да се омажи за Романец, туку ќе бара животен партнер со исто потекло.
„Таа (Халеп) ќе ја следи семејната традиција и нејзиниот сопруг ќе има македонски корени. Може и да биде ром, што би било и подобро. Но таа нема да го прекрши семејниот збор“, додава тој.
Во Романија има помеѓу 100.000 и 200.000 Ароманци или Македонци Власи, a тие имаат и свој посебен романски дијалект