Црвена Звезда донесе засилување од НБА лигата
Новиот центар на белградскиот клуб има 26 години и е висок 211 сантиметри. Во НБА-лигата настапуваше за Торонто Репторс, Лос Анџелес Лејкерс и Мемфис Гризлис, а беше дел и од Атланта Хокс. На драфтот во 2022 година беше избран како 33. пик од Торонто, по успешниот период на Универзитетот Аризона.
Во досегашните настапи во НБА, камерунскиот кошаркар бележеше просек од 2,8 поени и 2,8 скока. Неговите најголеми адути се физичката сила, одбраната и способноста да го заштитува обрачот, што го прави корисен профил за тим кој има високи амбиции во Евролигата. Црвена Звезда се одлучи за дополнително засилување на центарската позиција поради проблемите со повредите на Џонатан Мотли и Ебука Изунду. Нивното отсуство создаде потреба од ново решение под кошевите, а Колоко ќе треба да помогне во контролата на скокот и во дефанзивната игра.
За камерунскиот центар ова ќе биде нов предизвик во кариерата, бидејќи за првпат ќе се испроба во европската кошарка. Од него се очекува да ја искористи својата висина и атлетските способности за да донесе поголема цврстина во играта на белградскиот тим.