Вардар го засили средниот ред со поранешен младински репрезентативец!

Фудбалерот од средниот ред, Димитар Тодоровски, е најновото засилување за екипата на Вардар.

Тој пристигнува од таборот на Брера, а кариерата ја започнал во фудбалската школа на Работнички, каде ги одиграл првите професионални минути.

„Чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од најголемиот фудбалски бренд во Македонија. Очекувам да се искачиме повисоко на табелата и да го освоиме Купот. Нашата цел е од следната сезона да го вратиме Вардар на врвот“, изјави новото засилување на

Тодоровски е активен член на младинската репрезентација на Македонија, со 29 настапи зад себе.