Батлер ќе одбие 50 милиони долари и ќе го напушти Мајами
Батлер е во последната година од договорот со Мајами, иако има опција за следната сезона вредна 52 милиони долари, но не планира да ја активира.
Искусниот кошаркар е разочаран затоа што Мајами минатото лето одби да му го продолжи договорот на уште две години за 113 милиони долари.
Батлер наводно е желба на неколку тимови, меѓу кои се Феникс санс, Голден Стејт вориорс, Далас маверикс и Хјустон рокетс.