„Роналдо плачеше како мало дете откако Фергусон го понижи пред сите“

Кристијано Роналдо зад себе има голем број успеси, а посебно се паметат неговите настапи во Манчестер јунајтед каде што играше под водство на легендарниот тренер Сер Алекс Фергусон со кој беше во одлични односи, но на почетокот не било сè толку едноставно.

Поранешниот дефанзивец на „црвените ѓаволи“, Рио Фердинанд во документарен филм откри една ситуација која се случила во соблекувалната на премиерлигашот.

„Бевме во Португалија кога Бенфика нè победи со 2-1 и Роналдо не играше добро. Уште беше млад, а тренерот го критикуваше: Кој си ти? Дојде тука и се обидуваш на сите да им докажеш нешто, мислиш дека си суперѕвезда. Се сеќавам дека Роналдо плачеше по тие зборови во соблекувалната, а на Фергусон му беше гајле“, открива Фердинанд.

Роналдо пристигна во Манчестер во 2003 година и остана шест години во тимот пред да се пресели во Реал Мадрид.