„Јокиќ нема да биде МВП, иако ја игра најдобрата сезона во кариерата“

Познатиот руски сајт „Чемпионат“ ги анализираше настапите на српскиот кошаркар Никола Јокиќ во досегашниот дел од НБА-лигата.

Јокиќ оваа сезона во просек постигнува по 30,9 поени, 12,5 скокови и 9,7 асистенции, а тоа се најдобри бројки во неговата кариера, меѓутоа многумина сметаат дека нема да биде МВП.

Според анализата, Јокиќ нема да го освои четвртото признание за најкорисен кошаркар поради тоа што Денвер нагетс не се во најдобра форма, односно има 16 победи и 12 порази.

„Јокиќ е одличен на паркетот, но исто така Денвер е просечна екипа и во моментов не игра како во минатите сезони“, се вели во анализата.