Зидан би се вратил на тренерската работа само за две опции!

Според „Марка“, Зинедин Зидан не размислува за враќање на работа како тренер по секоја цена, само две дестинации доаѓаат во предвид.

Зидан постојано се поврзува со одредени клубови, но шпанскиот медиум тврди дека тој би се вратил на работа само ако има шанса повторно да биде тренер на Реал Мадрид или да ја води француската репрезентација.

Зидан на двапати по две години беше тренер на Реал Мадрид, во нив трипати триумфираше во Лигата на шампионите и двапати ја освои Ла Лига.

Французинот како тренер не работел во ниту еден друг тим.