Сејдини: Горд сум на сработеното, му посакувам уште поголем успех на Омерагиќ

Поранешниот претседател на ФФМ, Муамед Сејдини рече дека е горд на сето тоа што го сработи додека беше на функцијата и му посакува многу успех на неговиот наследник.

Пред да се случи гласањето за новиот претседател на ФФМ, Масар Омерагиќ, беше констатирана оставката на Муамед Сејдини.

„Денес е ден кога означуваме крај на едно поглавје. Чувствувам гордост за постигантото во овие шест ипол години како претседател на ФФМ. Ова е момент за размислување, бидејќи секоја епоха има и свој крај. Денес завршуваме поглавје кое имаше многу предизвици, а заврши со историски успеси. Од историското учество на ЕП 2020, преку големата победа над Италија, успесите во Лигата на нации и инфраструктурните проекти, сето ова беше резултат на заедничката работа на сите нас. Горд сум што на чело на федерацијата дојдов на собрание во 2019 година, а потоа ја обновив довербата во 2021 година. Денес заминувам на ист начин, со благодарност и гордост, можам да ве погледнам сите во очи. Направивме успеси кои ќе останат во историјата. Благодарност до  сите кои беа дел од овој пат. Се надевам дека нашиот фудбал и во иднина ќе биде извор на гордост. На мојот наследник му посакувам многу успеси и добра работа во неговиот пат“, рече Сејдини.