Поранешен соработник на Берлускони е нов претседател на Серија А

Италијанската фудбалска лига Серија А вчера за претседател го постави Ецио Симонели кој доаѓа на местото на Лоренцо Касини.

Симонели е поранешен соработник на Силвио Берлускони, кој беше сопственик на Милан од 1986 до 2017 година.

Новиот претседател на Серија А доби поддршка на 14 од 20 клубови во калчолигата.