Нашиот Шортс еден од „виновниците“ за одложување на натпревар од Евролигата!

Натпреварот од 17. коло на Евролигата меѓу Париз и Фенербахче, кој требаше да се одигра вечерва со почеток од 20.30 часот, е одложен поради недостаток на играчи во францускиот тим, предизвикан од болести и повреди.

Според соопштението на Евролигата, екипата на Париз не располага со минимум осум играчи, колку што е потребно за настап во натпреварите од ова престижно кошаркарско натпреварување. Дуелот требаше да се одржи во Париз, но поради оваа ситуација, натпреварот ќе биде презакажан. Прв со симптомите на вирус бил македонскиот репрезентативец, Ти-Џеј Шортс, по што дошло до масовно заразување меѓу неговите соиграчи.

Новиот термин за одигрување ќе биде утврден по консултација со претставниците на двата клуба, а дополнителни информации ќе бидат објавени во наредните денови. Екипата на Париз моментално се наоѓа на второто место на табелата со 11 победи и 5 порази, додека Фенербахче е шести со учинок од 10 победи и 6 порази.