Баерн и Ноер се договориле, но навивачите не се најсреќни
Информацијата прво беше најавена во медиумите, а потоа се огласи и Еберл.
„Овој договор е на задоволство на сите страни, ќе бидеме среќни кога се ќе биде потпишано. Не можам да го кажам точниот датум, но работите идат во добра насока и преостанаа само ситни детали“, изјави Еберл.
Но, за навивачите се уште има гржи затоа што во јуни без договор остануваат: Лерој Сане, Џошуа Кимих и Алфонсо Дејвис и за нив засега нема најави дека е постигнат договор. Исто така и Џамал Мусиала има договор кој го обврзува на соработка до 2026.
Дел од фановите на Баерн и го критикуваат раководството затоа што сметаат дека на Баерн му треба промена на голманската линија бидејќи Ноер не брани на нивото како некогаш.