Историска фотографија: Чекот за најскапиот трансфер во историјата на фудбалот (ФОТО)
На 3 август 2017 година Барселона објави дека адвокатите на Нејмар уплатиле 222 милиони евра колку што изнесуваше клазулата во договорот, па така Бразилецот се пресели во Париз.
Сега медиумите го објавија и чекот кој е испратен во Барселона и може да се забележи дека не гласел на име Пари Сен Жермен туку на Националната банка на Катар.
Нејмар денес е член на Ал Хилал од Саудиска Арабија каде што заработува 120 милиони евра по сезона, но речиси и да не игра поради проблемите со повреди.