Реакција од братот на Михајловиќ: Србите брзо ја заборавија својата легенда (ФОТО)
Низ Италија можеа да се забележат сцени како се оддава почит на Михајловиќ кој остави трага играјќи за: Рома, Сампдорија, Лацио и Интер, додека како тренер ги предводеше Болоња, Катанија, Фиорентина, Милан, Торино...
Почетокот на натпреварот помеѓу Лацио и Интер во понеделеник беше посвестен на големиот Миха и на стадионот се истакнаа транспаренти со емотивни пораки, додека на видео бимот одеше фотографија од Михајловиќ.
Но, неговиот брат Дражен Михајловиќ изрази незадоволство затоаш то Михајловиќ беше заборавен во неговата Србија. Ниту на натпреварите на Војводина и Црвена Звезда, ниту на официјалниот сај на Фудбалскиот сојуз на Србија немаше објава за годишнината од смртта на Михајловиќ.
Братот на Михајловиќ на неговиот профил објави црна фотографија на која само пишуваше:
„Навивачи на Војводина, Звезда, ФСС каде сте?“