Синот на Здравко Мамиќ мора во затвор, ќе плати и висока парична казна
Мамиќ доби затворска казна од година и четири месеци, а ќе мора да плати речиси три милиони евра од кои на Динамо ќе треба да му врати 2.08 милиони. Судот го казни и со дополнителни 750.000 евра, додека 70.000 евра ќе треба да ги плати како трошоци во казнената постапка.
Ќе потсетиме, Марио Мамиќ ја призна вината во учествувањето на извлекувањето на пари од клупската каса на Димамо во аферата „Динамо 2“.
Од друга страна адвокатите на Здравко и Зоран Мамиќ на кои им се суди во отсуство бидејќи се наоѓаат во Босна и Херцеговина изјавија дека нивните клиенти не се сметаат за виновни за казнените дела за кои се обвинуваат.