Фјури пред реваншот со Усик: Планот е да го нокаутирам!

Најдобрите светски боксери во тешка категорија, Олександар Усик и Тајсон Фјури ќе се борат во сабота навечер околу 22 часот во реваншот за три од четирите големи појаси за светски шампион.

Украинецот во првата борба победи со судиска одлука и стана апсолутен шампион. Но, Усик во меѓувреме ја изгуби ИБФ титулата поради посебните правила на организацијата, па така тој појас нема да го освои победникот од оваа борба.

Фјури против Усик го доживеа првиот пораз во својата кариера и тоа во 35. Борба. Во таа прва борба Британецот имаше 118.8 килограми, а сега ќе биде значително потежок. Во најавата откри дека ќе ја започне борбата со 133 килограми.

„Ќе го нокаутирам. Тоа е тоа. Тоа е мојот план, да го исфрлам од рингот. Минатиот пат се направив одлично, но не победив. Беше тоа тесна борба. Сега ќе излезам како поинаков борец и поинаква личност. Во таа борба бев на 40%, сега сум на 110%. Не сакам премногу да зборувам, ќе кажам само дека ќе го видите вистинскиот Тајсон Фјури“, изјави Фјури.