„Касапот“ од Монако му се извини на Донарума за газењето со копачка!
Тој го посети чуварот на мрежата во соблекувалната на ПСЖ за да ја изрази својата искрена грижа и извинување.
„Мојот потег очигледно не беше со намера, но ми беше тешко да го видам со повреди. Ти посакувам брзо закрепнување“, напиша Синго на своите социјални мрежи.
Инцидентот се случи во 22-та минута од натпреварот на стадионот „Луј Втори“, кога при интервенција Синго ненамерно го удри Донарума со копачка, предизвикувајќи расекотини кои бараа итна лекарска интервенција. Судијата процени дека станува збор за ненамерен старт и не го санкционираше играчот на Монако.
Од ПСЖ потврдија дека Донарума ќе биде надвор од терените околу 10 дена.