Винисиус испрати моќна порака - меѓу другите и до нашиот Милевски!

Винисиус Жуниор остана без „Златната топка“ која заврши во рацете на Родри, но сепак успеа да стигне до признанието „Д'Бест“ кое ФИФА го доделува за најдобриот во светот.

Бразилскиот фудбалер успеа да ја победи конкуренција во гласањето на селекторите, капитените и новинарите од различни земји. Секако, во изборот имаше и такви кои не гласаа за Винисиус, а помеѓу нив е и селекторот на Македонија, Благоја Милевски.

За Милевски Винисиус не е ниту во топ три, па тој се одлучи за: Карвахал, Белингем и Родри. Фудбалерот на Реал Мадрид два дена по изборот испрати и порака која меѓу другите е насочена токму и до Милевски велејќи дека ќе се обиде да го смени мислењето на оние кои не гласале за него.

„Оние кои не гласаа за мене? Ќе дадам се од себе да им го сменам мислењето“, изјави Винисиус.

Од друга страна Барди даде глас за Винисиус и го рангираше како втор зад Родри, а пред Халанд.