Тренерите на Чаир 2030 со смрт им се заканувале на судиите по мечот против Куманово!?
Тренерскиот двоец, според извештајот на официјалните лица, се заканувале и по животите на нивните семејства, а имале помош од уште две лица поврзани со клубот. Ова значи дека Рамадан и Ника се соочуваат со висока парична казна, но и со долга временска суспензија, секако ако „дисциплинците“ пронајдат вина во нивното однесување. Предводниците на Чаир 2030 и пред ова добија суспензија од по еден натпревар поради пријава од службените лица.
На еден меч е суспендиран и теренот на овој тим, кој поради оваа казна ќе мора да игра без публика на средбата против Феникс од 13. коло од Првата лига. Чаирчани за сите прекршоци добија и парична казна во вкупен износ од 90.000 денари, во кое се вметнати и тие за јавното коментирање на судењето, што е забрането според актите на КФМ.