Со Реал Мадрид освојуваше трофеи, а денес води поинаков живот - станал рибар!
Далеку од очите на публиката Коентрао оди поинаков пат од оној по кој се прослави. Поранешниот лве бек на Реал Мадрид и португалската репрезентација одигра 106 натпревари за тимот на Реал, постигна еден и асистираше за 11 голови во период од 2011 до 2017 година кога беше испратен во Спортинг.
Денес тврди дека желбата да стане рибар кај него секогаш била присутна.
„Од кога знам за себе мојот татко имал брод, па така веројатно се родила и мојата желба. Често пати одевме заедно и го засакав таквиот живот. Кога и да имав време, кога и да бев на одмор, одев на море. Знаев дека еден ден кога ќе се простам од фудбалот ќе се живеам таков живот. На море се чувствувам посреќен, животот е полесен“, истакна Коентрао.
Коентрао во овој момент е сопственик на три брода и има 45 вработени.
„Многумина можеби ќе кажат дека ова е срамна работа, но не е така. Ова е работа како и секога друга и треба да се почитува. Освен тоа морето е прекрасно и потребно ни е на сите“, изјави Португалецот.