Гест за пофалба: Лилард се откажа од наградата и донираше 500.000 долари
Секако станува збор за голема сума, но за Демијан Лилард кој оваа сезона од неговиот договор ќе заработу 48.8 милиони долари тоа е вистинска ситница, па така одлучи да направи хуман гест и оваа сума да ја донира на вработените во клубот.
„Долго време се занимавам со овој спорт. Бонусот не сакам да го земам и да го потрошам туку така. Ќе ги подарам парите на луѓето кои се со нас секој ден и ни помагаат да бидеме подобри“, изјави Лилард.
Договорот на Лилард е со важност до сезоната 2026/2027 и во овој момент има просек од 26 поени по натпревар и осум асистенции.
„Притисок е кога самохрана мајка мора да се снаоѓа и да плаќа кирија. Добиваме многу пари играјќи кошарка и не сакам да бидам погрешно сфатен, но ако тоа велиме дека е притисок ги навредуваме обичните луѓе“, истакна неодамна Лилард.