На ФИФА ѝ се важни парите, не навивачите - ќе нема алкохол на СП Саудиска Арабија!
Навивачите кои ќе дојдат на Светското првенство нема да можат да се напијат пиво, строгите закони на Саудиска Арабија не дозволуваат пиење на алкохол.
„Гардијан“ пишува дека ФИФА ја научила лекцијата од Светското првенство во Катар и нема да врши притисок до Саудиска Арабија да дозволи алкохол на турнирот.
ФИФА го притискаше Катар да прифати продажба на пиво на стадионите, тие прво се сложија, но властите на два дена пред почетокот на турнирот се предомислија и повторно забранија.
Поради тоа ФИФА мораше да плати отштета од 40 милиони фунти на компанијата која требаше да продава пиво.
Во Катар на стадионите се продаваше само безалкохолно пиво, а обичното пиво беше достапно само во една фан зона на ФИФА и пола литар чинеше 14,5 евра.
Англискиот медиум пишува дека поради искуството со властите во Катар, ФИФА нема да прави притисок врз Саудиска Арабија за да се точи алкохол на Мундијалот.
До првенството има уште десет години, па не се исклучува можноста да се променат одредени закони во Саудиска Арабија дотогаш или барем државата да ги промени за време на Светското првенство.
За време на големите фудбалски првенства пивото е најпродаваното нешто во вистинските фудбалски земји, па неговата забрана е разочарување за фановите.