Дојде ред и холандски второлигаш да си игра мајтап со Манчестер Сити! (ФОТО)
Манчестер Сити е во неверојатна криза, на последните 11 натпревари има само една победа, актуалниот англиски шампион падна до степен и холандски второлигаш да се шегува со него.
Во Лигата на шампионите, Манчестер Сити водеше со 3-0 против Феенорд и не успеа да победи, мечот заврши 3-3.
МВВ Мастрихт по вчерашниот пораз од Феенорд со 1-2, на социјалната мрежа „Х“ (твитер) се пошегува со Сити.
„Ако сакате да научите како да примите само два гола од Феенорд, јавете ни се“, напиша холандскиот клуб и го тагна Манчестер Сити.