„Гвардиола е арогантен и голем егоист – затоа ги губи трофеите сезонава!“

Славниот италијански стратег, Фабио Капеложестоко го критикуваше Пеп Гвардиола, нарекувајќи го „арогантен и егоист“, по последниот период на лоши резултати на Манчестер Сити.

Англискиот шампион претрпе седум порази во последните десет меча, во кои остварија само една победа.

„Гвардиола е одличен тренер, но е премногу арогантен и егоист. Губеше трофеи бидејќи сакаше да докаже дека тој ги освоил, а не играчите. Затоа ги остава клучните играчи надвор од тимот на големите натпревари“, изјави Капело, кој зад себе има блескава кариера со освоени титули во Италија и Шпанија, како и европска круна со Милан.

Критиките доаѓаат во момент кога Гвардиола се соочува со најтешкиот период во неговата кариера. По лошиот ноември, кога неговиот тим загуби од Ливерпул и освои само бод против Кристал Палас, ни декември не започна подобро. Сити заостанува осум бода зад водечкиот Ливерпул во Премиер лигата, а ситуацијата е уште посериозна во Лигата на шампионите. Со поразот од Јувентус, тимот падна на 22. место, само две позиции над линијата за пласман во плеј-офот за нокаут фазата.

Овој период е најтежок за 53-годишниот Каталонец, кој во својата кариера беше познат по доминација на клупските натпреварувања. Сепак, изјавите на Капело отворија дебата за неговиот пристап и дали е неговиот егоизам причината за последните неуспеси.