Гвардиола ќе му биде тренер на Миовски - брат му тврди дека е возможно
Се поврзуваше со репрезентациите на Англија и бразил, а лошите резултати во последно време се толкуваат како можност за управата на Сити да му додели отказ. Иако реално тоа е незамисливо поради сето она што го направи Гвардиола за клубот, неговиот брат Пере го очекува во Жирона. Пере Гвардиола е претседател на овој каталонски клуб и тврди дека не е исклучена ваква варијанта.
„Ми вети дека еден ќе ја води Жирона. Се надевам дека ќе ме испочитува“, изјави Пере Гвардиола.
Од оваа сезона, член на Жирона е македонскиот репрезентативец Бојан Миовски, но клубот има буџет од околу 60 милиони евра што е премалку за да го намами најтрофејниот тренер на денешнината на својата клупа. Жирона повеќе функционира како филијала на Манчестер Сити, без високи амбиции, па пласманот во Лигата на шампионите оваа сезона беше огромен успех за сите во клубот.