Светот го доби најмладиот шаховски првак во историјата, Индиецот Домарају Гукеш!
Индискиот шахист, Домарају Гукеш испиша шаховска историја откако ја доби и 14. партија во дуелот за светската титула и стана најмлад светски шампион.
Колку е импресивен успехот на Гукеш говори фактот дека претходно најмлад светски шампион бил Каспаров кој освоил Светско првенство на 22 години, Индиецот тоа го направи четири години порано.
Гукеш оваа година освои и златен медал на шаховската Олимпијада каде триумфираше со селекцијата на Индија.