Челси за едно полувреме ја заврши работата во Астана (ВИДЕО)

Фудбалерите на Челси без посериозни проблеми стигнаа и до петтата победа во исто толку натпревари во Конференциската лига откако денес беа подобри од Остана со 1-3.

Фудбалерите на Челси без посериозни проблеми стигнаа и до петтата победа во исто толку натпревари во Конференциската лига откако денес беа подобри од Остана со 1-3.

Фаворитот ја заврши работата во првото полувреме кога беа постигнати и сите погодоци на натпреварот.  Марк Гуи го отвори резултатот со погодоците во 14. и 19. минута и така го најави планираниот тримф на избраниците на на ЕНцо Мареска.

За 0-3 се погрижи Веига во 39. минута, додека Томасов во последните моменти од првото полувреме го постигна утешниот гол за домаќинте.

Во второто полувреме видовме по некоја прилика, но резултатот не се промени. 

На табелата во Конференциска Челси е првопласиран со максимални 15 бода и 21 постигнат гол и четири примени.