Словакот Пинтер од Шкупи во Вардар, голманите Талевски и Илиев опции за нова "единица"!?

Ако се суди според најавите на самиот почеток Вардар го чека бурен зимски преоден рок во кој ќе „црвено-црните“ ќе се обидат да го засилат тимот да и да избегнат испаѓање во понизок ранг.

Прво засилување за Вардар се очекува да биде 30-годишниот словачки дефанзивец Михаел Пинтер кој го носеше дресот на Шкупи и преговорите со него веќе се во завршна фаза, па наскоро и се би можело да биде потврдено.

Пинтер е дефанзивец кој во Шкупи пристигна минатиот јануари од редовите на Злате Моравче, а го носеше дресот само уште на Татран.

Вардар е во потрага и по засилување на голманската позиција каде што се споменуваат Давор Талевски и Дени Илиев.

Taлевски кој има 29 години најголем дел од својата кариера досега помина во Македонија, а во овој момент е дел од Шкендија. Покрај тетовскиот клуб  бранеше уште за: Струга, Пелистер, Брегалница, Победа, Металург и 11 Октомври каде што започна во младинските категории. Кратко помина и во странство во екипите на Хонка од Финска и грчка Лариса.

Дени Илиев од друга страна е некој кој зад себе има големо интернационално искуство и во Македонија го чуваше голот само на Беласица од каде што како тинејџер замина во академијата на Арсенал. Подоцна беше дел од: Серед, Јагиелонија, Шрусбери, Тренчин, Хелсинки, Сараево и романски УТА Арад каде што брани во овој момент.