Аматерска грешка на голманот на Јунајтед: Онана пак се изгуби (ВИДЕО)
И денеска имаше еден таков „блесок“, во 48. минута кога им ја подари топката на фудбалерите на Викторија Плзен. Иако соиграчите му сигнализираа да дегажира, Онана одлучи да проигра и тоа се покажа како голема грешка.
Домашните играчи ја одзедоа топката и потоа постигнаа гол со кој го отворија резултатот. За среќа на Јунајтед, Хојлунд потоа два пати погоди, па „ѓаволите“ со три бода си заминаа дома.